Дома Фудбал Фудбалерките го победија Косово на првата контролка

Фудбалерките го победија Косово на првата контролка

На терените на ФФМ попладнево се одигра пријателскиот натпревар помеѓу женските репрезентации на Македонија и Косово.

Македонските фудбалерки славеа победа со 3:1. Гостите од Косово први стригнаа до водство од 0:1. Меѓутоа Македонија брзо во 19. и 26. минута со головите на Ленче Андреевска и Хана Мустафа го сврте резултатот.

Водството од 2:1 беше актуелно се до истекот на еден час игра во второто полувреме кога беа поставени конечните 3:1.

Македонија и Косово ќе одиграат уште еден натпревар, а на тој домаќин ќе биде косовската селекција на стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Го облече по пораз од Спид, па го запали: Деле Али не го поштеди дресот на Арсенал

Поранешниот ас на Тотенхем загуби во видеоигра и мораше да го облече дресот на големиот ри…