Дома Фудбал Англија Фудбалерите биле шокирани: Конте ги терал да трчаат два километри пред секој натпревар

Фудбалерите биле шокирани: Конте ги терал да трчаат два километри пред секој натпревар

Aнтонио пред неколку дена доби отказ во Тотенхем, а сега „Дејли Мејл“ пренесува дека фудбалерите на „петлите“ биле шокирани од строгиот режим на Италијанецот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, фудбалерите пред секој натпревар морале да трчаат по два километри. Заминувањето на Конте дојде по жестоките критики кои тој ги испрати до фудбалерите и управата по ремито со Саутемптон (3:3).

Фудбалерите не биле задоволни од дефанзивниот пристап на Конте и сметале дека тимот може да биде многу повеќе опасен ако игра поофанзивно.

Сите биле шокирани од тоа што пред натпреварите требало да трчаат по два километри со што дополнително се изморувале и биле збунети од таквиот пристап на Италијанецот.

Се замерувало и на едноличноста на тренинзинте, наводно скоро секој тренинг бил ист и не се разликувал многу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Брегалница на само еден ден пред дуелот со Вардар избра тренер!

Брегалница од Штип со нов тренер ќе ја започне новата сезона во Првата македонска фудбалск…