Дома Фудбал Останато Францускиот гигнат доби нов сопственик – се создава „нов ПСЖ“

Францускиот гигнат доби нов сопственик – се создава „нов ПСЖ“


Дерби викенд: Ел Класико, дерби на Италија и битка за Рим!↓↓↓



Американскиот бизнисмен Френк Мекорт за сума од 45 милиони евра стана сопственик на славниот француски фудбалски клуб, Олимпик Марсеј.

Мекорт, кој на јавноста ѝ е познат и како поранешен сопственик на бејзбол тимот ЛА Доџерс, преку француските медиуми порачал дека во наредните четири години во клубот ќе вложи 200 милиони евра.

Истовремено американскиот бизнисмен го именуваше Жак-Анри Еро за нов претседател на клубот.

„Денес започнува ново поглавје во историјата на Олимпик Марсеј. Ќе го вратиме клубот на патеките на славата“, порача 63-годишниот Мекорт.

Продажбата може да го спаси великанот на францускиот фудбал од просечноста во која се наоѓа во изминатите неколку сезони, минатата сезона Марсеј заврши на 13-то место, а во тековната по девет одиграни натпревари е на 12-то место.

Новиот газда најави доведување на звучни имиња и скапи засилувања, па медиумите најавиваат дека е можно да се создаде „нов Пари Сент Жермен“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо: Во Манчестер поминував низ лош период, но дознав кои ми се вистинските пријатели

Дерби викенд: Ел Класико, дерби на Италија и битка за Рим!↓↓↓ Суперѕвездата на Португалија…