Дома Фудбал Лига на шампиони Француската легенда „удри“ по Нејмар: Не смее да има издание како вчерашното!

Француската легенда „удри“ по Нејмар: Не смее да има издание како вчерашното!

Пари Сен Жермен беше поразен на стартот од Лигата на шампионите, големи критики после натпреварот доби најскапиот фудбалер на светот, Нејмар.

„Светците“ беа поразени на „Енфилд“ со резултат 3:2, иако резултатот е „тесен“ и Ливерпул до победата стигна во последните моменти, сепак „црвените“ беа многу подобар ривал на теренот.

ПСЖ искористи две добри ситуации пред голот на Алисон и така стигна до два погодоци, додека од друга страна Ливерпул имаше поништен погодок, а и Ареола неколку пати фантастично интервенираше.

После Рио Фердинанд кој ги критиквуаше првите ѕвезди Нејмар и Мбапе, француската фудбалска легенда Кристоф Дугари на мета го имаше само Бразилецот кон кого ги испрати најжестоките критики.

„Играта на Нејмар беше катастрофална, тоа што го правеше ги иритираше неговите соиграчи. Можеби од него очекувањата се големи, може да му се случи еден лош ден, но такво издание – не смее да има! Прифатливо е на некого да не му оди, но тој не се ни потруди да направи нешто“, изјави „без влакна“ на јазикот Дугари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Суперкупот на Шпанија се преместува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија ќе има нов дом во 2027 година, откако беше официјално претставен во …