Дома Фудбал Останато Француската легенда: Ми се гади од однесувањето на Де Лихт!

Француската легенда: Ми се гади од однесувањето на Де Лихт!

Mатијас Де Лихт во понеделник би требало да потпише за Јувентус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Капитенот на Ајакс пристигнува во голем трансфер за кој Италијанците ќе платат 70 милиони евра, а годишната плата на Де Лихт би требало да биде околу 12 милиони евра.

Кога од таа сума ќе се одбие данокот кој изнесува 30%, на Да Лихт му остануваат 8.4 милиони евра.

Светскиот шампион со Франција од 1998 година Кристиф Дугари не е воодушевен од одлуката бидејќи очекувал Де Лихт да ја прифати понудата од Пари Сен Жермен.

„Што си мисли тој во главата? 12, 13, 14 или 15 милиони евра? Во што е разликата? Ќе има еден автомобил повеќе, 50 квадрати повеќе или десет метри подолг брод. Неговата одлука е само поради пари. Ми се гади од таквото однесување“, изјави Дугари.

Потоа додаде дека не го доведува во прашање неговиот квалитет.

„Тој е одличен играч, но со такво размислување нема да трае долго. Им честитам на луѓето во ПСЖ кои носат одлуги. Уморен сум од овој фудбал“, заврши француската легенда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Поради Светското првенство стана хит на Инстаграм, а сега направи трансфер на кариерата!

Новозеландскиот фудбалер Тим Пејн, кој стекна голема популарност откако еден аргентински и…