Поранешниот француски фудбалер Криштоф Дугари кажа дека Килијан Мбапе треба да си замине од ПСЖ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Дугари смета дека Мбапе стагнира во редовите на францускиот гигант и потребен му е нов предизвик, а таков би можел да добие следното лето кога му завршува договорот.
„Се надевам дека Мбапе ќе си замине од ПСЖ. Мбапе стагнира во Париз, му недостига сила и карактер. Често е невидлив на теренот.
Веќе неколку месеци работите во ПСЖ не се добри и затоа мора да замине од клубот. Сите се изморени од приказните дали ќе замине или не. Уморен сум и јас од шпекулациите за неговата иднина. Мора да избере нов клуб за да заврши оваа приказна“, вели Дугари.