Дома Фудбал Французин го провоцираше Јамал пред натпреварот. Тој потоа му порача: Зборувај сега!

Французин го провоцираше Јамал пред натпреварот. Тој потоа му порача: Зборувај сега!

Ламине Јамал беше прогласен за играч на натпреварот по полуфиналната пресметка на Шпанија со Франција на Европското првенство.

Јамал го постигна првиот од двата гола на Шпанија во победата од 2:1 и со тоа со 16 години и 352 дена стана најмладиот стрелец во историјата на европските првенства.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пред натпреварот многу се зборуваше за Јамал, па францускиот играч за врска Адриен Рабио на прес-конференцијата изјави: „Ако Ламине Јамал сака да игра во финалето на ЕП со Шпанија, ќе мора да направи многу повеќе против нас отколку што направи досега. Ќе го притискаме да не се чувствува удобно“.

Јамал одговори со објавување цитат на Инстаграм во кој пишува: „Правете потези во тишина, а зборувајте само кога е време да кажете шах-мат“.

Младиот крилен напаѓач на Барселона реши да се држи до таа порака. Прво ја „матираше“ Франција, а потоа реши да зборува. Додека беше во центарот на вниманието по натпреварот, Јамал рече: „Зборувај сега!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Борусија Дортмунд прегазена од тајландски прволигаш

Борусија Дортмунд одигра сезона во која стигна и до финалето во Лигата на шампионите, доде…