Дома Тенис Французинот Гаел Монфис дискфалификуван од турнир во Осло

Французинот Гаел Монфис дискфалификуван од турнир во Осло

Познатиот француски тенисер Гаел Монфис бил дисквалификуван од турнир во Осло откако го повреди супервизорот, Стефан Апостолу.

Наводно Монфис имал пријателски разговор со Апостолу по што дошло до другарско туркање и повреда на супервизорот.

„На организаторот на турнирот му е драго што немало лоша намера од Гаел, но поради повредата која ја доживеало официјалното лице, сметавме дека нема друг излез, освен да го дисквалификуваме тенисрот. Гаел ја прифати дисквалификацијата и тој и супервизорот се разделија во пријателски тон“, стоело во официјалното соопштение од турнирот.

Каспер Руд, Холгер Руне, Андреј Рубљов, Беноа Пер, Доминик Тим, Алекс де Минор и Александер Бублик се тенисерите кои учествуваат на овој егзибициски турнир.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Грбот го мачи Ѓоковиќ во Париз: Амановиќ интервенираше уште на првиот тренинг

Новак Ѓоковиќ доби третман на долниот дел од грбот пред настапот во Париз, каде што му е п…