Дома Фудбал Останато Франција е следниот член: ВАР се имплементира во четири од петте водечки земји на „Стариот континент“

Франција е следниот член: ВАР се имплементира во четири од петте водечки земји на „Стариот континент“

Најквалитетните лиги во Европа постепено ги прифаќаат иновациите кои со себе ги носи современиот фудбал, па така од сезоната 2018/19 во четири од петте најсилни лиги на „Стариот континент“ ќе гледаме видео технологија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


По Серија А, Бундеслигата и Примера, популарниот ВАР пристигнува и во француската Лига1.

Фудбалскиот сојуз на Франција денес потврди дека од следната сезона видео технологијата ќе биде користена во Лига1, баш како што е случајот со шпанска Примера.

ВАР во Франција ќе биде користен во ситуации каде постојат дилеми околу постигнат погодок, директен црвен картон, замена помеѓу играчите и кај одлучување за најстрога казна.

По оваа денешна информација, останува да се види кога Англичаните ќе ја воведат во својот систем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Флорентино Перез на филмски начин договорил спектакуларен трансфер

Флорентино Перез направи низа одлични зделки во Реал Мадрид. Донесе некои од најголемите ф…