Дома Тенис Фото: Ѓоковиќ ја оперирал десната рака!?

Фото: Ѓоковиќ ја оперирал десната рака!?

Новак Ѓоковиќ го заврши настапот на Австралија Опен со поразот од Кореецот Хејун Чунг, но во тој меч можеше да се забележи дека Новак има проблеми со повредата на раката.

Поради таквата ситуација во медиумите голема прашина се крена по вчерашната фотографија од српскиот тенисер на која може да се види дека неговата десна рака е бандажирана.

Веднаш започнаа шпекулации и коментари дека тоа е така поради што направил операција, што доколку е точно сигурно го очекува подолга пауза.

Сепак, потврда од Ѓоковиќ нема, па не е ништо потврдено…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ им оддаде почит на 16-те жртви од трагедијата во Нови Сад

На втората годишнина од падот на настрешницата, Новак Ѓоковиќ сподели објава во спомен на …