Дома Останати Тенис Фото-финиш: После елиминацијата во Шангај „виси“ првото место на Ѓоковиќ!

Фото-финиш: После елиминацијата во Шангај „виси“ првото место на Ѓоковиќ!

На АТП листата се влегува во фото-финиш!

Новак Ѓоковиќ доживеа елиминација на Мастерсот во Шангај. После оваа негова елиминација – ситуацијата изгледа вака.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


До крајот на годината Новак брани поени на финалниот турнир (1000) и мастерсот во Париз (600 поени).

Од друга страна Надал не брани ниту еден поен и следи голема борба во која фаворит е Шпанецот.

Новак ќе игра во Париз на 28-ми откромври, потоа и на завршниот турнир во Лондон на 10-ти ноември. Истиот случај е и со Надал и само чудо може да го спаси Новак да остане врвот на АТП листата.

Ѓоковиќ има 9545 поени, Надал 9225. Доколку Новак го освои турнирот во Париз, а Надал биде финалист, Србинот ќе добие 400 (600 брани како финалиста), а Надал ќе добие 600 поени како финалиста. Во тој случај Ѓоковиќ ќе остане на првото место и завршниот турнир ќе одлучи кој ќе биде прв на АТП листата на самиот крај.

Во случај Ѓоковиќ да испадне пред финалето, ќе изгуби нови бодови и така на Надал би му било доволно и четвртфинале за да ја превземе првата позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Елиминација на Зверев на Вимблдон

По елиминацијата на Данил Медведев, Лоренцо Муцети, Холгер Руне, Стефанос Циципас… В…