Дома Фудбал Англија Фото: Аутот кој го „запали“ интернетот е регуларен – стигна и доказ!

Фото: Аутот кој го „запали“ интернетот е регуларен – стигна и доказ!

Аутот кој го изведе фудбалерот на Рединг на вчерашниот натпревар против Кардиф предизвика многу коментари на друштвените мрежи, бидејќи навистина изгледаше дека е неправилно изведен.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Скоро сите светски медиуми пишуваа за тоа дека играчот на Рединг извел аут влегувајќи длабоко во терен, но стигна доказ дека се било регуларно и според правилата.

Аут линијата на стадионот во Кардиф се поклопила со сенката од трибините, а зад неа се наоѓа уште една бела линија која е причината за настанатиот хаос.

Дека се било регуларно покажува фотографијата од 10-та минута од натпреварот кога од истото место е изведен аут, но тогаш ја немаше сенката, па можеше да се заклучи дека се било според правилата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тери тврди дека скоро половина од избраните фудбалери на Англија не се подготвени за Светското првенство

ЏОН ТЕРИ остро ја критикуваше репрезентацијата на Англија која ја избра селекторот Томас Т…