Дома Фудбал Фотографија која објаснува се: Зошто Семедо го сметаат за најлошиот десен бек во историјата на Барса?

Фотографија која објаснува се: Зошто Семедо го сметаат за најлошиот десен бек во историјата на Барса?

Барселона во петокот доживеа неверојатна катастрофа во ЛШ со поразот во четвртфиналето од Баерн со 8:2.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Каталонците беа понижени од германскиот противник, а играчите се најдоа на големи критики од јавноста. Но, еден од нив беше на најголем удар, а станува збор за Нелсон Семедо.

Португалецот имаше очајна ноќ во Лисабон против Баерн. Неколку реакции на Семедо беа клучни за головите на германскиот клуб.

Тоа беше случај и при последниот гол на Баерн кога дефанзивеците на Барса се обидоа да направат офсајд замка, но тука “заспа“ Семедо што Баварците веднаш го казнија.

Фотографијата која покажува како Семедо реагираше во таа ситуација е ударна тема во Барселона. Дури некои медиуми го прогласија Семедо за најлошиот десен бек во историјата на Барса, а како објаснување се повикаа на оваа фотографија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Што кажа Роналдо пред пеналот: Постојат две теории, која е точна? (Видео)

За време на мечот од Светското првенство помеѓу Португалија и Хрватска, еден момент со Кри…