Дома Фудбал Останато Фотографии од анализата на Мурињо на Барса во сезоната 2005/2006 – Меси се однесува како Роналдињо!

Фотографии од анализата на Мурињо на Барса во сезоната 2005/2006 – Меси се однесува како Роналдињо!

0

Жозе Мурињо и Андре Виљаш Боаш имале интересна анализа на играчите на Барселона во сезоната 2005/2006.

Мурињо и Боаш имале навистина неколку смешни и интересни анализи за играчите на Барселона.

ЗА КАРЛЕС ПУЈОЛ

Агресивен, но и многу емотивен. Полудува откако судијата ќе го досуди првиот прекршок против него и многу лесно може да ја изгуби главата после провокации. Многу агресивен дефанзивец, сака да го користи своето тело во играта. Има лошо движење (излегува во средината зад напаѓачите) и е лош лидер во одбраната. Бидејќи сака да го користи своето тело, лесно прави прекршоци во близина на голот. Многу добар во скок играта и многу силен.

ЗА АНДРЕС ИНИЕСТА

Секогаш влегува од клупата. Многу експлозивен играч Тежок за чување бидејќи има добар радиус на движење.

ЗА РОНАЛДИЊО

Има одличен квалитет да ги поминува одбранбените играчи во првиот допир со топката. Кога чуварот е далеку од него, бара еден на еден ситуација со противничкиот бек. Повеќе е опасен кога ќе влезе во средина. Сепак, многу е лош во одбраната и скоро и воопшто да не учествува во тој дел од играта.

ЗА МЕСИ

Многу квалитетен и брз играч, но не ја користи десната нога во играта. Се однесува како и Роналдињо. Ја добива топката и напаѓа простор. Навистина е неверојатен во играта еден на еден. Ако сакате да му правите фаул правете го што побрзо и надвор од шеснаесетникот. Штотуку се опорави од повреда.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Драма, гром и кош со звукот на сирената, Звезда е шампион на Србија!

Во четвртиот натпревар од финалето на кошаркарската суперлига помеѓу Партизан и Црвена Зве…