Дома Останати „Форбс“ открива детали: Се редат милиони на сметката на Кабиб

„Форбс“ открива детали: Се редат милиони на сметката на Кабиб

khabib

Руското издание на магазинот „Форбс“ направи листа на најуспешните спортисти до 40 години, а по заработката на врвот се најде УФЦ шампионот Кабиб Нурмагомедов.

Според реномираниот „Форбс“ Кабиб од 1. мај 2019 година, па се до 30. април оваа година заработил дури 16.5 милиони долари.

Најголем дел од парите Кабиб доби за мечот против Дастин Пориер. Тогаш на својата сметка беше побогат за 10 милиони долари. Остатокот го доби од спонзори и гостувања.

„Форбс“ тврди дека тој наплатува 78.000 долари за учество на семинираните, но неговиот менаџер Али Абделазис од друга страна истакнува дека тоа е погрешна информација и дека Кабиб добива 300.000 долари по ден.

Од останатите бројни спонзорски договори со познатите компании ако му веруваме на „Форбс“ Дагестанецот за една година заработил 16.5 милиони долари.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Волкановски се изнамачи, но успеа да ја одбрани титулата против Холовеј (ВИДЕО)

Австралиецот со македонско потекло Александар Волкановски имаше потешкотии, но успеа да ја…