Дома Фудбал Италија Фонсека потврди: Со Фофана е завршен трансфер пазарот за Милан

Фонсека потврди: Со Фофана е завршен трансфер пазарот за Милан

Тренерот на Милан, Паоли Фонсека го потврди доаѓањето на играчот за врска на Монако, Јусуф Фофана на „Сан Сиро“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фофана е четвтото засилување за „росонерите“ ова лето после Мората, Павловиќ, Емерсон Ројал, а тренерот потврди дека воедно ќе биде и последно засилување ова лето.

 „Сега ги чекаме само медицинските тестови за Фофана и се ќе биде готово. Ќе зборувам повеќе кога ќе го имаме на располагање.Можам само да нагласам дека сум среќен од засилувањата кои ги добивме ова лето. Нашиот трансфер пазар се затвора со Фофана“, изјави Фонсека.

„Тој е нашето четврто засилување ова лето, а сега мора да се ослободиме од неколку играчи кои се во тимот. Имаме премногу играчи во тимот и не е лесно да е работи со толку фудбалери. Најдобро ќе биде да го исчистиме тимот“, додаде Фонсека.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Падна договор: Познат тренер му кажал „да“ на Милан

Португалскиот стратег Рубен Аморим е сè поблиску до преземање на тренерската функција во М…