Дома Фудбал Италија Фонсека: Полесно е да се игра против Реал Мадрид, отколку со Монца!

Фонсека: Полесно е да се игра против Реал Мадрид, отколку со Монца!

Милан запиша голема победа на гостувањето кај Реал Мадрид со резултат 3:1 во Лигата на шампионите.

Тренерот на „росонерите“, Пауло Фонсека по натпреварот даде интересна изјава поради која ќе се навредат голем број поддржувачи на шпанскиот гигант.

„Никој надвор од Италија не разбира колку е тешко да се игра против калчолигаш. Многу се потешки натпреварите во Италија. Дуели со Монца и Каљари се потешки отколку дуел со Реал Мадрид“, кажа Фонсека.

Милан со победата против Реал се врати во борбата за пласман меѓу 24-те најдобри екипи кои ќе го продолжат натпреварувањето во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Meгваер повторно мета на сеир, Хал даде гол, а тој го чуваше соиграчот (Видео)

Манчестер Јунајтед запиша пораз во првото коло од новата сезона на Премиер лигата и тоа од…