Дома Фудбал Флорентино Перез донел одлука со која ја поделил соблекувалната на Реал?

Флорентино Перез донел одлука со која ја поделил соблекувалната на Реал?

Во Реал Мадрид изгледа никако не можат да се помират со одлуката на Хесус Хил Манзано во натпреварот против Валенсија кога „свирна“ крај неколку секунди пред Белингам да постигне гол.

Шпанските медиуми денес пренесуваат дека по овој потег, Флорентино Перез се одлучил да ја искористи клупската телевизија на Реал Мадрид за да врши притисок врз арбитрите.

Реал има предност на табелата, меѓутоа во клубот сметаат дека вакви работи се скандалозни и не смеат повторно да се случуваат.

Но, исто така се пишува и дека ваквата идеја на Перез не била дочекана со одобрување од сите фудбалери, па така дошло до поделба во соблекувалната.

На табелата Реал Мадрид по 27 кола има 66 бодови, додека Жирона е зад нив со 59, Барселона на третото место има бод помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лоши вести за Интер: Лаутаро Мартинез паузира четири недели

Интер останува без својот напаѓач во важен дел од сезоната. Лаутаро Мартинез има истегнува…