Дома Фудбал Англија Флечер го „пецна“ Ливерпул: Јунајтед не може да си дозволи 30 години без титула

Флечер го „пецна“ Ливерпул: Јунајтед не може да си дозволи 30 години без титула

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Дарен Флечер зборуваше за шансите неговиот бивш клуб да ја освои титулата во следниот период.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Оваа сезона приказната за титулата е завршена, па Ливерпул по 30 години конечно го освојува трофејот, а Флечер тврди дека „ѓаволите“ не може да си дозволат такво нешто.

„Јунајтед не може да си дозволи да биде 30 години без титула. И ова сега е доволно лошо. Сакаме Јунајтед да биде на врвот во следните две-три години, тоа е реално“, порача Флечер.

Флечер смета дека во наредните години градскиот ривал Сити ќе има пад, исто како и Ливерпул.

„Јунајтед мора да биде спремен да го искористи падот на Сити и Ливерпул. Тоа неизбежно ќе дојде во наредните години. Не ги гледам Гвардиола и Клоп во Сити и Ливерпул повеќе од две години“, заклучи Флечер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Астон Вила се приближува до напаѓач на Челси, додека се подготвува за преговори и со Јувентус

Преговорите меѓу Астон Вила и Челси за трансферот на напаѓачот Николас Џексон во шампионот…