Дома Македонски спорт Мак фудбал ФК Шкупи: Некој има нешто против нас – ова не е случајно!

ФК Шкупи: Некој има нешто против нас – ова не е случајно!

Во рамките од 30. коло во Првата македонска фудбалска лига, Шкупи беше поразен со 2:0 од Гостивар.

Чаирчани имаа можност за поволен резултат, сепак им беше поништен гол во 86. минута. Во моментите кога резултатот беше 1:0 на Шкупи му се поништи гол поради офсајд.


Германија гази и најавува битка за титула! ↓↓↓


Околу целата ситуација клубот од Чаир објави и соопштение кое во продолжение ви го пренесуваме.

„Како може да се направат толку многу грешки против еден тим? Секоја недела доживуваме различни грешки од судиите. Секоја недела некој ни ги краде поените. Ова не е случајно. Тоа се планирани и програмирани акции насочени кон саботирање на нашиот успех. Инаку, како може да се направат толку многу грешки против еден тим? Секоја недела се соочуваме со различни и валкани трикови и се обидуваме сами да се бориме. За жал, видовме дека Шкупи е осамен тим и ова им дава можности на сите. Дали тимот може да губи поени на секој натпревар поради судиски грешки или надворешни фактори? За жал тоа се случува на нашите натпревари. Ниту политичарите кои тврдат дека се за Шкупи, ниту оние кои раководат со фудбалот не покажуваат никаква реакција на оваа ситуација, на овие отворени, свесни и намерни напади и валкани постапки, додека ние чекориме сами по овој пат. Овој театар, оваа валкана игра е толку здодевна. И да сме сами, оваа борба ќе ја водиме до крај, не е важно против кого е. Ќе се бориме за работата на нашите фудбалери, за нашата работа, за фудбалот, за Шкупи. Сега се е јасно, јасно е што сите сакаат да прават. СЕГА ЗНАЕМЕ СЕ, СВЕСНИ СМЕ ЗА СЕ И СЕ ИМАМЕ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО НАШИОТ ТЕФТЕР“, објави Шкупи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Страшни сцени на ЕП: Докторите го спасуваа животот на унгарски репрезентативец 🎥

Во 68. минута од натпреварот помеѓу Шкотска и Унгарија видовме страшна сцена во која настр…