Дома Фудбал Репрезентации ФИФА ранг листа: Светскиот шампион нов лидер, Македонија со скок од една позиција

ФИФА ранг листа: Светскиот шампион нов лидер, Македонија со скок од една позиција

Денес ФИФА ја објави најновата ранг листа.

Јасно е Мундијалот донесе големи промени во врвот, па така според новата листа на врвото очекувано е светскиот шампион Франција.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Огромен скок од дури 16 позиции направи селекцијата на Хрватска која им беше противник на „Триколорите“ во големото финале, Хрватите сега се наоѓаат на четвртата позиција.

Одличниот настап на Уругвај, Англија и Данска им обезбеди на овие селекции место во ТОП 10, за сметка на Аргентина (11), Чиле (12) и Полска (18).

Најголемиот скок на листата го направи Русија која сега е на 49-тата позиција со скок од дури 21 позиција.

Кога во прашање е Македонија, ние направивме скок од една позиција во однос на минатото рангирање сега сме на 70-тата позиција со 1336 освоени бодови. Оваа година Македонија ја започна како 73-то пласирана.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Марка: Барселона потпишува мега-договор. Тоа ќе и донесе најмалку 1,3 милијарди евра

БАРСЕЛОНА наскоро би требало да потпише договор со Најк вреден повеќе од една милијарда ев…