Дома Фудбал ФИФА потврди: 2021 ќе ни даде два светски клупски шампиони!

ФИФА потврди: 2021 ќе ни даде два светски клупски шампиони!

Новата 2021 година ќе биде посебна и историска затоа што ќе се одиграат две светски клупски првенства.

Во 12 месеци два пати ќе биде прогласен светски клупски шампион и тоа ќе биде така поради пандемијата со коронавирусот која направи проблеми ширум светот. Донесена е одлука СП за клубови за 2020 година да се одигра од 1. до 18 февруари 2021, а истата година во декември ќе се одигра и новото регуларно СП за клубови.

Првиот Муднијал ќе се игра во Катар, домаќинот на СП 2022 кој на лето ќе организира и Арапски куп (ново натпреварување под капата на ФИФА), додека на вториот домаќин ќе биде Јапонија.

И додека сите жалат на згуснатиот распоред ФИФА очигледно не ја интересира премногу, па наоѓа како да го пополни секој слободен термин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Андора прва на патот на фудбалерките кон повисок ранг во Лигата на нации

Македонските фудбалерки ќе го отворат циклусот во март 2027 со два домашни дуела. Во група…