Дома Фудбал Репрезентации ФИФА ги потврди промените: Светските првенства добиваат дополнителни 40 натпревари

ФИФА ги потврди промените: Светските првенства добиваат дополнителни 40 натпревари

ФИФА ги потврди промените кои ќе се случат на следното Светско првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Од 2026 година на Мундијалот ќе има 48 репрезентации, место досегашните 32. Во првиот круг ќе има 12 групи, по четири екипи и понатаму ќе поминуваат првопласираната, второпласираната и најдобрите осум третопласирани селекции. Тоа значи дека ќе се одиграат 104 натпревари во 39 дена.

Така ФИФА ќе доби уште 40 натпревари на своите најголемо натпреварување. Досега во форматот со 32 репрезентации се играа по 64 натпревари. Постоеше можност и сите репрезентации да се поделат во групи по три екипи, но од таа идеја раководните луѓе на Светската организација се откажаа.

Од дополнителните 16 места на Светското првенство, три ќе добија азиските репрезентации, четири афричките, две северноамериканските, две јужноамериканските, три европските и една од Океанија.

Европските квалификации ќе започнат во март 2025 година и ќе се играат една година. Светското првенство во 2026 година исто така ќе биде прво кое ќе се игра во три држави – САД, Мексико и Канада.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Шок за Шпанија: Мундијалот можеби заврши за двајца фудбалери!

Фудбалската репрезентација на Шпанија може да се соочи со сериозни предизвици во продолжен…