Дома Фудбал Лига на шампиони Фирмино веќе успеа да се изедначи со Џерард

Фирмино веќе успеа да се изедначи со Џерард

Ливерпул синоќа гостуваше на стадионот Драгао и покажа дека не се шегува. Црвените во првиот натпревар од осминафиналето во ЛШ го совладаа Порто со убедливи 5:0, а еден од стрелците беше Роберто Фирмино.

Фирмино во 69. минута од натпреварот сјајната акција на Ливерпул ја круниса со погодок, четврти за својата екипа. Бразилецот со овој погодок се изедначи со легендата на Енфилд Стивен Џерард.

Имено, за него ова беше седми погодок во ЛШ оваа сезона, па така се изедначи со Џерард по број на погодоци во една сезона во ЛШ кога се во прашање фудбалерите на Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Чинеше 125 милиони и веќе сфати дека Реал е голем залак: Ќе помине многу време на клупата

Реал Мадрид ова лето не штедеше. Кралскиот клуб донесе низа звучни засилувања, но веќе по …