Дома Фудбал Италија Фиорентина постави астрономска цена за Влаховиќ

Фиорентина постави астрономска цена за Влаховиќ

Фиорентина потврди дека Душан Влаховиќ одбил да потпише нов договор со „виолетовите“ и на лето ќе го напушти клубот.

Влаховиќ има договор со Фиорентина до 2023 година и на лето ќе влезе во последната година од договорот, а одби да стане најплатен фудбалер во историјата на клубот.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Битката за неговиот потпис веќе започна, но Фиорентина ги шокира заинтересираните клубови со астрономската цена која ја постави.

Според „Газета Дело Спорт“ клубот за неговата слобода бара 90 милиони евра, сума која тешко дека некој клуб ќе ја плати.

Најсилен интерес за Србинот покажуваат Јувентус и Атлетико Мадрид кои се спремни да понудат 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Слот: Ни недостасува Жота, секогаш…

Изјавата на Енди Робертсон по пласманот на Шкотска на Светското првенство, конечно, ја отк…