Дома Фудбал Финалето на ЛШ со нов термин – ќе се игра во август

Финалето на ЛШ со нов термин – ќе се игра во август

Поради пандемијата со коронавирус фудбалот во цела Европа е стопиран, па УЕФА ќе мора да направи нов календар во Лигата на шампиони и Лига Европа.

Откако беше одложено Европското првенство стана јасно дека националните првенства ќе се доиграат во јуни и јули, но сега треба да се одредат термини за доигрување на европските натпреварувања.

Првичниот план на УЕФА беше Лигата на шампиони да заврши со одржување на големото финале во Истанбул на 27 јуни, но сега планот се промени.

Според „Газета дело Спорт“ новиот термин за финалниот дуел од ЛШ е 15 август, а неколку дена претходно би се играло финалето во ЛЕ, под услов натпреварувањата да продолжат во јуни доколку пандемијата се стави под контрола.

Поместувањето на финалето за август, автоматски значи и поместување на стартот на новата сезона кога би започнала во октомври.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Двојната круна не го спаси Боржеш: Спортинг се разделува со него, Фонсека пред преземање

Само пет месеци по продолжувањето на договорот до 2028 година, Спортинг преговара за разде…