Дома Трансфер зона Фиго пред Ел Класико му препорача на Реал засилување: Мислам дека тој сака да дојде…

Фиго пред Ел Класико му препорача на Реал засилување: Мислам дека тој сака да дојде…

Поранешниот крилен фудбалер на Реал Мадрид и Барселона, Луис Фиго зборуваше за шпанските медиуми околу претстојното Ел Класико.

Фиго смета дека е сосема нормално што Реал влезе во мала криза со оглед на тоа дека остана без најдобриот играч во историјата, Кристијано Роналдо, а исто така ја искористи приликата да му препорача еден играч на Кралскиот тим.

„Ова е транзициска година за Реал Мадрид и тоа е нормално кога ќе го загубите најважниот играч кој сте го имале во историјата. Реал освои многу во претходните години, но во спортот не можете секогаш да победувате. Постојат и моменти кога дојде нешто потежок период.“ – изјави Фиго и испрати порака до Флорентино Перез:

„Кој да му го препорачам? Азар, без никакви дилеми. Одличен играч, еден од најдобрите во овој момент и мислам дека тој сака да игра во Реал. Тој е еден од само неколкуте големи играчи кои не се предолго поврзани со договор за клубот во кој настапуваат.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Европските гиганти се „тепаат“ за новата бразилска ѕвезда

Европските гиганти покажуваат силен интерес за младиот бразилски напаѓач Јури Аберто. 20-г…