Дома Фудбал Англија Фердинанд смета дека за сезоната во Премиер лигата има само едно решение – поништување!

Фердинанд смета дека за сезоната во Премиер лигата има само едно решение – поништување!

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Англија, Рио Фердинанд смета дека сезоната во Премиер лигата да се поништии и во првенството да нема прогласено шампион.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фудбал во Англија како и во цела Европа (освен Белорусија) не се игра и не се знае до кога ќе биде така. Легендарниот фудбалер на „црвените ѓаволи“ смета дека сезоната треба да се поништи затоа што во овој момент на никој не му е до фудбал.

„Фудбалот е само ига, а ние го сфаќаме премногу сериозно. Мене ми е јасно дека сезоната мора да се поништи и да се игра од почеток. И мојот тим да беше во таква ситуација (како Ливерпул) ја се ќе мислев на луѓето ширум светот, а не на моите цели во фудбалот. Ќе повторам, јас не гледам друго решение освен поништување на сезоната“, изјави Фердинанд.

Ливерпул во овој момент е лидер во Премиер лигата после 29 кола со дури 25 бодови предност во однос на Манчестер Сити и им недостасуваат само шест бода за и математички да ја потврдат првата позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Oли Воткинс договорил трансфер каков што никој не очекуваше!

Англискиот репрезентативец Оли Воткинс го напушта тимот на Астон Вила. Како ПАМЕТНО да тип…