Дома Фудбал Фердинанд: Малку сум уплашен да го гледам Ливерпул…

Фердинанд: Малку сум уплашен да го гледам Ливерпул…

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд на занимлив начин го прокоментира пласманот на Ливерпул во финалето на ЛШ.

Екипата од Енфилд на двата натпревари беше подобра од Рома со вкупен резултат 7:6, па така Англија по прв пат после 2012 година ќе има претставник во финалето на најелитното фудбалско клубско натпреварување.

„Како поранешен играч на Манчестер малку сум уплашен да гледам Ливерпул што работи. Ова може да биде ново поглавје во историјата на овој клуб.“ – изјави Фердинанд и додаде:

„Статистиката и историјата покажува дека Реал е фаворит во финалето, но Ливерпул пред противникот може да постави нерешлива задачка.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Карагер удри по одбраната на Челси: Без лидер назад, нема што да бараат

По домашниот дебакл против Лидс, Џејми Карагер предупреди дека Челси мора да донесе домина…