Дома Фудбал Фердинанд го советува Ливерпул: Треба да го вратите Стерлинг

Фердинанд го советува Ливерпул: Треба да го вратите Стерлинг

Легендата на Манчестер Јунајтед и англискиот фудбал, Рио Фердинанд изјави дека Ливерпул треба да се обиде да си го врати Рахим Стерлинг.

Стерлинг може да го напушти Манчестер Сити на крајот на сезоната и Фердинанд смета дека Ливерпул треба да се обиде да го врати на „Енфилд“.

„Долги години Рахим беше еден од главните играчи во Сити, но наеднаш стана резерва. Тоа не можам никако да го разберам бидејќи не знам што се случува во клубот“.

„Тоа со сигурност го разбуди интересот кај другите клубови кои сега се свесни дека можат да го купат Стерлинг. Сметам дека Ливерпул треба да се обиде да си го врати“, изјави Фердинанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…