Дома Фудбал Англија Фердинанд: Време е Солскјер да си оди

Фердинанд: Време е Солскјер да си оди

Легендата на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд јавно го повика раководството на „црвените ѓаволи“ да му врачи отказ на тренерот Оле Гунер Солскјер.

Поранешниот дефанзивец на „црвените ѓаволи“ е разочаран од настапите на Јунјатед и јавно го критикуваше Солскјер.

„Го гледам тимот секоја недела и се чудам што ќе направиме, тактички. Не гледам некаква филозофија или идентитет во начинот на кој игра Јунајтед, некои инструкции кои ги дал тренерот. Седам тука збунето и го гледам тимот“, вели Фердинанд.

„Гледајќи го составот кој го доби пред почетокот на сезоната и она што го гледаме оваа сезона, чувствувам дека е можеби време кормилото да го добие некој што може да го направи тоа“, заклучи Фердинанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ново големо име во Турција: Салах доби играч со кој ја освои Лигата на шампионите!

Со недели се шпекулираше, а сега е и официјално – Фабињо е нов член на Трабзон. Отка…