Дома Останати Кошарка НБА Феноменалниот Јокиќ ги разби Бакси, пораз на Лејкерси од Феникс 🎥

Феноменалниот Јокиќ ги разби Бакси, пораз на Лејкерси од Феникс 🎥

Никола Јокиќ продолжува со одличните настапи во НБА лигата.

Српскиот центар дојде до нов трипл-дабл учинок овој пат го оствари во победата на Денвер Нагентс над Милвоки од 128:97. До третата победа во низа екипата од Колорадо дојде лесно. Бакси не направија ништо и на крајот Нагетси остварија убедлив триумф.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Јокиќ за 36 минути на паркетот оствари учинок од 37 поени, 11 асистенции и 10 скокови, додека на другата страна Јанис Антетокумпо уфрли 27.

Феникс го прекоскна Лејкерси на второто место на Запдната конференција откако во „Стејплс Центарот“ ги совладаа со 114:104.

Недоволен на Лејкерси им беше Леброн Џејмс кој уфрли 38 поени. На другата страна имаше повеќе расположени кошаркари, а најефикасен беше Дарио Шариќ кој уфрли 21 поен.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Вашингтон – Мемфис 111:125, Бостон – ЛА Клиперс 117:112, Мајами – Аталанта 80:94, Сан Антонио – Њујорк 119:93, Милвоки – Денвер 97:128, Ла Лејкерси – Феникс 104:114.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Статистиката и традицијата велат: Синер е идниот број еден!

Јаник Синер имаше почеток од соништата во оваа 2024 година. Го освои првиот Грен слем сезо…