Дома Македонски спорт Фенербахче доби дополнителни 1.5 милион евра за трансферот на Елмас

Фенербахче доби дополнителни 1.5 милион евра за трансферот на Елмас

Турските медиуми објавија дека Елиф Елмас му донел дополнителни 1.5 милион евра на Фенербахче.

Против Торино Елмас го одигра 50. натпревар за Наполи, а со тоа се активирала и клазулата во неговиот договор. Фенербахче одлично заработи на Елмас. Македонскиот „дијамант“ од Работнички во турскиот клуб премина за 180.000 евра, сума која беше уплатена како тренинг комезација. Подоцна тие на Наполи го продадоа за 16 милиони евра.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Меѓутоа во договорот на Елмас имаше и клазули за разни бонуси, а сега е исплатен бонусот за 50 одиграни натпревари кој изнесувал 1.5 милиони евра.

Елмас 50. натпревар за Наполи го одигра против Торино во средата.

Фенер ќе добие и дополнителен бонус од 1.5 милион евра ако Наполи го продаде Елмас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Реал Мадрид објави уште еден нов дефанзивец

Реал Мадрид ја финализираше зделката со Бенфика за Алваро Карерас. Тој има 22 години, игра…