Дома Фудбал Англија ФА покрена обвинение против Манчестер Јунајтед

ФА покрена обвинение против Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед добиле тужба од Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) порад недоличното однесување на неговите фудбалери на натпреварот со Ливерпул одигран на „Енфилд“.

Јунајтед е обвинет за недолично однесување на неговите фудбалери, кои според правилата на ФА не се однесувале на пристоен начин. Фудбалерите на Манчестер го опколија судијата Крег Поусон во првото полувреме откако Вирџил ван Дајк имаше воздушен дуел со голманот Давид де Геа.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


По таа ситуација Роберто Фирмино постигна гол за Ливерпул. Голот потоа е поништен по прегледувањето на снимката. Поради жестоката реакција судијата веднаш му додели жолт картон на голманот Де Геа.

 Клубот од „Олд Трафорд“ има право на жалба до четврток, а засега не е познато со каква казна ќе се соочи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Неверојатен натпревар на Вембли: Тухел го изрази своето незадоволство од судиските одлуки

Англија и Уругвај го одиграа својот пријателски натпревар на Вембли, завршувајќи со резулт…