Дома Останати Кошарка НБА Фантастичниот Лилард ги сруши Никси, Бостон го „торпедираше“ Кливленд 🎥

Фантастичниот Лилард ги сруши Никси, Бостон го „торпедираше“ Кливленд 🎥

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни пет натпревари, а во главно домаќините ги оправдаа фаворитските улоги (116:113).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Блејзери на свој паркет беа подобри од Никси. Домаќините на полувреме направија предност од 20 поени, но малку недостасуваше во продолжение истата да ја прокоцкаат. Никси ја топеа нивната предност од минута во минута, но до крајот сепак успеаа резултатски да ги стигнат. (116:113).

Портланд до победата беше предводен од одличниот Демијан Лилард кој постигна 39 поени, додаде осум асистенции и пет сокови. Втор стрелец кај Портланд беше Симонс со 16 поени. На другата страна Имануел Кликли уфрли 31 поен.

.

Бостон дома славеше против Кливленд со убедливи 141:103. Домаќините првата четвртина ја добија со 38:21 и така го решија прашањето на победникот. До крајот само ја зголемуваа предноста која во некои моменти беше над 40 поени.

Најефикасни кај Селтикси беа Браун со 33 и Валкер со 21 поен.

Во останатите натпревар Милвоки ја совладаа Атланта со 129:115, Шарлот беше подобар од Орландо 107:104, додека Сан Антонио го надигра Вашингтон со 121:101.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…