Дома Останати Фантастичната Фрајсер-Прајс стигна до злато на 100 метри

Фантастичната Фрајсер-Прајс стигна до злато на 100 метри

Шели-Ен Фрајсер-Прајс го освои златниот медал на трката на 100 метри на Светското првенство кое се одржува во Доха.

Јамајканката во финалето истрча 10.71 и така го оствари најдобриот резултат во сезоната и по четврти пат стана шампионка на светот.

До среброто стигна Британката Дина Ашер-Смит со време 10.83, а бронза освои Мари-Жозе Та Лу од Брегот на Слоновата Коска.

Бронзената од 2017 година, Дафне Шиперс не се појави во финалето на финалната трка, а според информациите причината беше повреда на загревањето пред финалето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Никовски и Поп Арсова Рашиќ ја предводеа жетвата на титули на Олимп во крос-кантри

Битолски Олимп го заврши националниот шампионат во Скопје со шест златни и еден сребрен ме…