Навивачите на Ливерпул започнаа петиција, Мајкл Овен веднаш да биде исфрлен од клубот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Овен, кој минатата година беше именуван за амбасадор на клубот од „Енфилд“, направи потег со кој ги разбесни фановите на Ливерпул и тоа на полувремето од вчерашното финале од Лигата на Европа помеѓу Манчестер Јунајтед и Ајакс.
„Потребен ни е уште еден гол“, искоментира Овен кој беше стручен коментатор на финалето од Лигата на Европа на една телевизија, а на навивачите на Ливерпул им пречеше што нивниот најомразен ривал го нараче со “ние“.
Навивачите на Ливерпул и од поодамна му замеруваат на Овен што го облече дресот на Јунајтед, а со овој потег тој дефинитивно ја “прели чашата“.