Дома Македонски спорт Мак фудбал У21 репрезентативецот Бојан Димоски успешно опериран

У21 репрезентативецот Бојан Димоски успешно опериран

Благодарност до Пандев и Академија, ќе се вратам посилен од претходно

Нашиот У21 репрезентативец, Бојан Димоски успешно ја помина операцијата на менискусот, која извесно време ќе го оддалечи од терените. Фудбалерот кој игра на позициите лев бек и играч за врска, беше опериран во Систина и ќе се опоравува во следните два месеца.

„Операцијата помина одлично, тоа беше артроскопска интервенција со која се надевам ќе ми се овозможи да продолжам со мојата кариера, во истиот ритам како и пред повредата. Огромно благодарам до Академија Пандев и Горан Пандев, кои се погрижија се да помине во најдобар ред. Очекувам брзо враќање на терените.” – изјави Димоски.

Бојан Димоски е роден 2001-та година, играше во Вардар, а потоа под менторство на агенцијата Football Family премина во редовите на Академија Пандев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …