Дома Останати Тенис Уште едно големо признание за Новак Ѓоковиќ

Уште едно големо признание за Новак Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ сосема заслужено по одличната година која ја има зад себе во последните денови од 2023. собира признанија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Американската гимнастичарка Симоне Билес и српскиот тенисер се најдобрите спортисти во 2023 година според Меѓународната асоцијација на спортски новинари (AIPS). Во изборот учествуваа 405 новинари од 107 земји.

Билес, која по двегодишно отсуство се врати на големата сцена и го освои златниот медал во севкупниот натпревар на Светското првенство во Антверпен, Белгија и уште три златни медали – на греда и под и во екипна конкуренција – доби 353 поени.

Втора заврши кениската атлетичарка Фејт Кипјегон (329), а трета шпанската фудбалерка Аитана Бонмати (297).

Во машка конкуренција Ѓоковиќ ја збриша конкуренцијата. Победникот на три од овогодинешните четири Грен слем турнири – Австралија Опен, Ролан Гарос и УС Опен и победникот на завршниот Мастерс во Торино, доби 616 поени.

На второ место е шведскиот скокач со стап Арманд Дуплантис (335), а на третото е аргентинскиот фудбалер Лионел Меси (277).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Новак Ѓоковиќ има нов тренер – ќе го почне „ловот“ на Ролан Гарос

Веќе некое време Новак Ѓоковиќ кажува дека новиот главен тренер би можел да биде само неко…