Дома Фудбал Останато Уште една тpaгедија во бразилскиот фудбал: Почина најдобриот стрелец во историјата на Бразилерао

Уште една тpaгедија во бразилскиот фудбал: Почина најдобриот стрелец во историјата на Бразилерао

Неколку дена по cмртта на легендарниот Пеле, Бразил го погоди уште една трагедија.

Почина поранешниот бразилски фудбалер и најдобар стрелец во историјата на бразилското првенство, Роберто Динамите.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Тој почина по долга и тешка болест потврди неговиот поранешен клуб, Васко Де Гама.

„Со огромно жалење мораме да објавиме за cмртта на најголемиот идол во историјата на клубот, Карлос Роберто де Оливеира, Динамите на 69-годишна возраст како последица од рак на дебелото црево“, потврдија од клубот.

Динамите помина дури 29 години во Васко де Гама, како играч дресот го носеше повеќе од 12 години, потоа беше и претседател. Постигна 708 гола и го држи рекордот по постигнати голови во националниот шампионат (190). Зад него се Фред (158), Ромарио (154), Едмундо (153) и Зико (135).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Грчки медиуми: Се уште не е јасно како починал Болдок. Се прегледуваат надзорните камери

Фудбалерот на Панатинаикос и на грчката репрезентација Џорџ Балдок (31) вечерва бил пронај…