Дома Фудбал Уште еден клуб се откажа од турското првенство

Уште еден клуб се откажа од турското првенство

Пред неколку дена од турската Супер лига се откажа Хатајспор поради катастрофалниот земјотрес, а денес пристигна потврда дека првенството нема да го продолжи и второлигашот Јени Малатијаспор.

Исто така под голем знак прашалник е продолжувањето на Газиантеп, клуб кој доаѓаше од уште еден од најпогодените градови. Ќе потсетиме, македонскиот фудбалер Лука Станковски настапува тука.

Сепак, не е исклучена и можноста цело турско првенство да биде прекинато, натпреварите за овој викенд се веќе одложени.

Раководството на турската федерација испратило предлог до Хатајспор и Газинатеп да го користат тренинг кампот на репрезентацијата, но клубовите од најпогодените градови засега немаат намера да играат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета собира снимки од ривалите: „36 излегувања за 10 минути, а нема жолт картон!“

Тренерот на Арсенал е на еден жолт картон од суспензија и тврди дека неговите колеги остан…