Дома Фудбал Германија Уште еден играч ја заврши епизодата во Баерн?

Уште еден играч ја заврши епизодата во Баерн?

Давид Алаба очигледно одлучи да го напушти Баерн, додека од друга страна клубот изгледа сам сака да се ослободи од Боатенг.

Договорот на Боатенг со Баварците истекува следното лето и тој е еден од оние кои можат да ги напуштат редовите на европскиот првак. Хасан Салихамиџиќ вчера потврди дека „Боатенг не е тема“ и се поизвесно е дека на искусниот играч ќе му биде покажана излезната врата.

„Сите знаеме дека Жером има договор до 30. јуни 2021. година. Ќе седнеме со него и неговите претставници во разумно време. Моментално нема разговори со Боатенг и тие воопшто не се наша главна тема.“ – рече Хасан.

Тренерот Ханси Флик исто така ја прокоментира целата ситуација.

„Немам влијание на насловите во медиумите, но можам да влијаам на разговори со моите играчи. Боатенг покажа извонреден квалитет и два пати ја освои тројната круна.“ – рече Флик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Легендата на Атлетико Мадрид се прости од фудбалот

Легендата на Атлетико Мадрид, Габи одлучи да се прости од активното играње фудбал. Станува…