Дома Фудбал Италија Уште еден играч сакал да го напушти карантинот на Јувентус, но не му било дозволено

Уште еден играч сакал да го напушти карантинот на Јувентус, но не му било дозволено

Неколку играчи на Јувентус минатата недела го напуштија Торино и заминаа кај своите семејства.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Прво тоа го направи Гонзало Игуаин со цел да ја посети својата болна мајка во Аргентина, а потоа дозвола добија Миралем Пјаниќ и Сами Кедира.

За викендот од Торино во Бразил се упати и Даглас Коста, истото сакал да го направи и Данило.

Искусниот бек сакал да оди кај своето семејство во Бразил меѓутоа во таа намера го спречил неговиот агент кој го убедил да остане во самоизолација и да тренира.

Инаку во Јувентус позитивни на Ковид-19 после тестирањата се покажаа Даниеле Ругани, Блез Матуиди и Паоло Дибала, останатите играчи на „старата дама“ беа негативни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шокиран Роналдо. Славеа титула, но голманот во 98. минута постигна автогол.

КРИСТИЈАНО Роналдо беше потполно поразен откако бизарен автогол во 98. минута ја одложи пр…