Дома Останати УФЦ истражува: Махачев може да биде суспендиран на две години поради борбата со Волкановски

УФЦ истражува: Махачев може да биде суспендиран на две години поради борбата со Волкановски

Ислам Махачев кој го победи борецот со македонско потекло, Александар Волкановски би можел да заработи суспензија од две години поради сериозните обвинвуања.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, Махачев е обвинет дека користел инфузија за рехабилитација пред борбата со Волкановски. УФЦ сега со американската анти-допинг агенција работи на решавање на случајот.

Треба да се спомене дека пред неколку дена Русинот беше обвинет и од ММА борецот Ден Хукер.

„Тој мисли дека ќе дојде во Австралија, ќе прими инфузија и за тоа никој нема да дознае?“, искоментира Хукер.

Имено, користењето инфузија при враќање на тежината според правилата не е дозволено и УФЦ затоа го истражува случајот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

(Видео) Гого Славески го истепа Тељо за нов триумф во БКФЦ

Македонецот Гого Славески забележа нов значаен успех во БКФЦ организацијата (бокс без рака…