Резултатите од англиската прва лига на „Боксинг деј“ 1963 се навистина неверојатни, на 10 натпревари беа постигнати дури 66 погодоци.
Многумина веројатно и знаат , но во пресрет на „Боксинг деј“ во Англија да се потсетиме на еден неверојатно „луд“ ден.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Англиската лига важи за една од најлудите во светот, но ниту Англичаните веројатно не можеа да го очекуваат она што се случило во 1963 година.
Фудбалерите во Англија на овој ден веројатно малку повеќе се опуштија. Резултатите беа неверојатни, Барнли го победи Манчестер Јунајтед со 6:1, Фулам славеше против Ипсвич со огромни 10:1, Вест Хем беше поразен од блекбурн со 2:8, а Вест Бромвич и Тотенхем ремизираа во натпревар во кој беа видени осум погодоци…
Интересно е што Манчестер Јунајтед и Барнли утре повторно ќе се сретнат на популарниот „Боксинг деј“.
Вкупно фудбалските фанови на овој ден можеа да видат 66 погодоци на десет натпревари, единствено Евертон и Болтон не постигнаа погодоци, тоа беше вистински празник на фудбалот.