Дома Фудбал Италија ОД ЕУФОРИЈА ДО ТАГА: Како успехот на Аталанта доведе до една од најголемите катастрофи на Италија

ОД ЕУФОРИЈА ДО ТАГА: Како успехот на Аталанта доведе до една од најголемите катастрофи на Италија

Вчера градоначалникот на Аталанта потврди дека натпреварот Аталанта – Валенсија бил вистинска биолошка бомба. Теории постоеа и претходно, меѓутоа сега Џорџо Гори (градоначалникот) таа тажна и чудна теорија ја потврди.

Текстот за тоа како еден историски успех за тим од малиот град Бергамо се претвори во катастофа за целата држава ќе го започнам со вчерашната изјава на првиот човек на градот.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


„Во тоа време не знаевме што се случува. Првиот пациент беше регистриран на 23. февруари. Вирусот веќе кружел околу нас. На крајот се покажа дека сите 40.000 луѓе кои беа таа вечер на „Сан Сиро“ биле заразени. После натпреварот имаше многу контакти и вирусот се ширеше од човек на човек“ …

Аталанта веќе две-три сезони наназад игра одлично во калчото, а кулминацијата ја достигна сезонава. Оние кои го следат италијанскиот фудбал веројатно и не ја потценуваа знаеа што може овој тим во кој нема посебно истакнат играч, ги краси посебниот тимски дух.

Дебитантската сезона Аталанта во Лигата на шампионите не ја започна добро. Нанижаа три порази (Динамо Загреб, Шахтјор и Манчестер Сити), меѓутоа резултатите во групата и понатаму им даваа право да се надеваат. Можеби им недостасуваше искуство, па во вториот дел од сезоната се разбудија и со две пбеди и едно реми стигнаа до втората позиција.

Кога денес собираме и гледаме наназад што се случува тој пласман во топ 16 бил предуслов за катастрофата која денес се случува на Бергамо и воопшто на Италија. Еуфоријата уште тогаш беше голема, како да не биде кога малиот клуб од Бегамо дочека да биде гордоста на Ломбардија покрај едни Милан и Интер од Милано.

Дојде ждребот, Аталанта ја доби Валенсија. Апетитите пораснаа затоа што сите знаеа дека Валенсија е тим со кој Аталанта може рамноправно да се надигрува. Целиот град со нетрпение го чекаше датумот 19. февруари и натпреварот на Аталанта во Милано со Шпанците. Ако некој не знае, Аталанта натпреварите во ЛШ ги игра во Милано на „Сан Сиро“.

Еуфоријата беше невидена буквално една третина од градот се упати во Милано. Бергамо брои 120.000 жители. Како било во Бергамо доволно покажува примерот со писмото во кое таткото го правда отсуството од училиште на својот син.

„Само да ве известам дека Едуардо ова попладне нема да присуствува на наставата од културно-историски причини. Заедно со својот татко тој ќе присуствува на пишување историја во книгите на Бергамо. Напред Аталанта!“, стоело во писмото.

Дојде и вечерта, започна натпреварот никој тогаш не можел ни да замисли со што е преполн еден од најпознатите стадиони во Европа. Аталанта играше како во транс победи со 4:1, а додека навивачите славеа помеѓу нив се ширел Ковид-19…Гушкање, пеење, пиење…Сето тоа било идеално за вирусот да се рашири.

Четири дена подоцна потврден е првиот случај на коронавирусот во Бергамо, а како што деновите одминуваа случаите се зголемува, започна да има голем број починати од овој вирус. Веројатно сте запознаени сликите на кои воени камиони од Бергамо изнесуваат мртви тела.

Судбината сакала се така да се подреди и најголемиот успех на Аталанта да биде обележен со една од поголемите трагедии кои ја погодиле Италија во нејзината историја…

ИЗДРЖИ БЕРГАМО! ИЗДРЖИ ИТАЛИЈА!

Пишува: Стефан Даскалов

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Официјално: Вардар има нов газда!

Oд екипата на Вардар денес и официјално потврдија дека Атила Бижен Жалили откупил 85% од а…