Дома Топ вести Усаин Болт има понуда од еден од најголемите европски клубови!?

Усаин Болт има понуда од еден од најголемите европски клубови!?

Болт веќе игра во фудбал во австралискиот Централ Кост Маринерс, но ова би било многу посериозно ниво.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Прославениот атлетичар, Усаин Болт, неодамна ги постигна своите први погодоци во професионалниот фудбал во дресот на Централ Кост Маринерс.

Во прашање беше пријателски натпревар, но и тоа е доволно Јамајканецот да добие самодоверба.

Неговиот агент набрзо потоа откри дека за Болт покажал интерес клуб од Европа кој се бори за учество Лигата на шампионите.

Австралиските медиуми успеаа да стигнат до информации дека се работи за клуб од јужниот дел на Европа и дека игра финален натпревар, па многумина после овие информации го поврзаа со – Милан!

„Росонерите“ ги очекува Суперкупот против Јувентус, се бори за влез во Лигата на шампионите, а покрај тоа нов спонзор им е „Пума“, истата компанија која го спонзорира и Болт.

На сличен начин доби прилика да тренира со Борусија Дортмунд, но ако се точни зборовите на агентот во прашање е понуда за професионален договор, а тоа би била животна шанса за Болт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…