Дома Фудбал Репрезентации Урнебесно: Суарез бараше пенал затоа што голманот на Чиле играше со рака! (ВИДЕО)

Урнебесно: Суарез бараше пенал затоа што голманот на Чиле играше со рака! (ВИДЕО)

0

Селекцијата на Уругвај ја освои првата позиција откако вчера запиша минимална победа над Чиле од 1:0.

Така Уругвај од првото место во групата ќе оди во четвртфиналето на Копа Америка, а херој на вчерашната обеда беше Едисон Кавани кој го постигна единствениот гол на натпреварот во 82-та минута.

Освен Кавани во центарот на вниманието во овој натпревар се најде и Луис Суарез поради неговиот неверојатен потег. Тоа се случи во 22-та минута кога Суарез бараше пенал затоа што голманот на Чиле играше со рака.

Овој детал ги насмеа сите, веројатно и самиот Суарез кога сфати што направил. Тој успеа да го помине голманот на Чиле и да шутира, а после интервенцијата на Аријас топката заврши во корнер.

Суарез во тој момент веднаш му сигнализираше на судијата, меѓутоа изгледа брзо сфати дека станува збор за голманот на Чиле.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Нејмар се враќа во тимот – ќе патува со ПСЖ на турнеја во Кина

Бразилската суперѕвезда Нејмар, ќе патува со Пари Сент Жермен на предсезонската турнеја во…