Дома Фудбал Умтити: За да си заминам ќе мораат да ме избркаат

Умтити: За да си заминам ќе мораат да ме избркаат

Дефанзивецот на шампионот на Шпанија испрати јасна порака.

Французинот од редовите на Барселона, Самуел Умтити сака да остане во Барселона и тоа го потврди со својата последна изјава.

„Јасно е дека сакам да го обновам договорот со Барселона и се надевам дека ќе бидам во тимот и наредната сезона. Ќе мораат да ме избркаат доколку не ме сакаат“, истакна Франзузинот за „Л’Eкип“.

Многу се пишуваше за иднината на поранешниот фудбалер на Лион и во текот на сезоната често пати се поврзуваше со трансфер, се споменуваа повеќе клубови, а најмногу Манчестер Јунајтед.

Сепак, од неговото заминување изгледа дека нема да има ништо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Француски новинар шокираше со изборот за најдобар тим во историјата на Лигата на шампионите

Истакнатиот автор на реномираниот “L’Équipe”, Винсент Дулук, го избра св…