Дома Фудбал Ужас: Фудбалерка убиена од сопругот кој потоа се самоубил – и тоа пред очите на децата!

Ужас: Фудбалерка убиена од сопругот кој потоа се самоубил – и тоа пред очите на децата!

Страшни вести ни пристигнуваат од Аргентина. Имено, фудбалерката Флоренс Гуиназа била прво претепана и убиена од нејзниот сопруг кој потоа и самиот си го одзел животот.

Ужасниот настан се случил во нивниот дом и тоа додека во куќата биле и нивните деца. Пред да си го одземе животот сопругот Агустин оставил порака на прозорецот на која пишувало: Повикајте полицијата, децата се сами.

„Флоренс беше брутално убиена од сопругата во Мендоза. Прво ја убил, а потоа се самоубил пред децата кои се на возраст од пет и седум години.

Кога соседот пристигнал во куќата, седумгодишното момче играло на својот плејстејшн, во нивната соба не можело да се влезе бидејќи била заклучена. Полицијата по пристигнувањето ја скршила вратата и биле затекнати од страшната гледат“, објави телевизијата „Ц5Н“.

Веста за смртта ја потврди и тимот на Атлетико Аргентино кој изрази сочувство до семејството и пријателите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета собира снимки од ривалите: „36 излегувања за 10 минути, а нема жолт картон!“

Тренерот на Арсенал е на еден жолт картон од суспензија и тврди дека неговите колеги остан…